Секој дом би требало да го има своето „посебно“ растение за кое се верува дека носи благосостојба.
Станува збор за рузмаринот, а одамна е познато дека ова растение се користи и како некој вид на амајлија.
Римските свештеници рузмаринот го користеле како темјан во сите верски церемонии, а децении наназад се користи како заштита од негативните и лоши енергии кои некој се обидува да ги внесе во нашиот дом.
Во 9 век, Карло Велики инсистирал ова растение да расте во неговите кралски градини затоа што верувал во неговите магични својства.
Се верува дека рузмаринот привлекува пари и благосостојба во домот затоа е јасно зошто се препорачува да се има во секој дом. Исто така ова растение може да го носите и во вашиот паричник.
Ставете неколку рузмарини пред влезната врата за да го заштитите домот од провалници и да спречите негативната енергија да влезе внатре.
Се верува дека рузмаринот е некој вид на амајлија, па секој дом којшто го има на ова место ќе биде заштитен од злото.
Рузмаринот е ефикасен за подобрување на меморијата и во таа цел се користи во вид на етерично масло. Неговиот мирис поволно влијае на нервните клетки, па одличен е за опуштање. Од таа причина се користи и при медитација.
Рузмаринот е поврзан и со плодноста, па се препорачува неколку гранчиња да ги ставите покрај креветот во којшто спиете.