Безобразен и нечовечен потег: Велешанец колабирал на улица и починал, сограѓанка се доближила и му го украла паричникот

Макфакс

02/03/2024

15:11

10.610

Големина на фонт

а а а

Велешанка ограбила починат сограѓанин на улицата Илинденска во градот.

Според информациите од полицијата, морничавиот настан се случил вчера.

Сè почнало кога 54-годишниот велешанец Т,Ѓ. трагично паднал на улицата и починал. Тогаш до него се приближила 32-годишната сограѓанка Р.С. која му ги одзела парите што ги носел со себе.


Жената е задржана во полициска станица, а за настанот известен е јавен обвинител.

По документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, велат до СВР Велес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг