[ФОТО] Јелена Ѓоковиќ во совршен стајлинг за сите пригоди и широка насмевка на лицето го маѓепса Лос Анџелес

Точка

02/03/2024

15:45

7.897

Големина на фонт

а а а

Јелена Ѓоковиќ покажала стајлинг за секоја дневна прилика, од есен до пролет.

Сопругата на Новак Ѓоковиќ и директорка на „Фондацијата Новак Ѓоковиќ“, Јелена Ѓоковиќ, во последниве години се издвоила како една од најдобро облечените жени на домашната, но и светската јавна сцена.

Се чини дека нејзиниот стил еволуирал на фантастичен начин, па сега е вистинска трендсетерка, а секое парче кое таа ќе го облече вредно е за внимание.

Од микро до оние поголемите трендови, убавата Јелена умее сѐ да носи на посебен начин, но се чини дека најдобро се чувствува во полежерните модни изданија во какви најчесто ја забележуваме.

Јелена Ѓоковиќ со недели не се појавувала во јавноста, а сега на својот Инстаграм профил објавила фотографии од Лос Анџелес каде моментално семејно престојуваат.

Стилот на Јелена Ѓоковиќ за сите дневни прилики

Јелена позирала насмеана, а носела фантастични парчиња кои лесно се вклопуваат во секоја прилика.

Јелена носела џемпер, ефектно парче кое може да се искомбинира и со панталони и со здолниште, а нејзиниот модел бил во беж боја.


Ова е вистинско зимско парче, но може да се носи и кога времето е убаво, па така идеално е од пролет до есен во комбинација со различни варијанти.

Тука се и беж панталоните со висок струк, децентниот накит, очила за сонце, брановидно стилизирана коса и неизоставната насмевка.


Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Јелена Ѓоковиќ?




Спонзорирани линкови

Маркетинг