[ВИДЕО] Експлозија во Албанија: Две лица загинаа, седуммина се повредени, меѓу нив и народен пратеник

Макфакс

02/03/2024

09:00

4.804

Големина на фонт

а а а

Во експлозија во магацин во Лушња, Албанија, две лица загинаа, а седум се повредени.

Загинаа татко и син, а меѓу повредените е и пратеникот од социјалистите Бујар Чела.

Експлозијата предизвикала штета и на околните згради, јавуваат албанските медиуми.

Експлозијата најверојатно се случила кога камион со кран удрил во далновод.

Повредените се пренесени во болница во Тирана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг