10 безвременски цитати на Иво Андриќ во кои се крие филозофијата на животот: Само мудрите луѓе ќе ја разберат суштината

Точка

01/03/2024

21:16

5.952

Големина на фонт

а а а

Иво Андриќ беше голем југословенски писател на 20 век и добитник на Нобелова награда за книжевност во 1961 година кога целокупниот износ од милион долари го подарил за развој на библиотекарството.

Тој ни остави големи дела, цитати и важни животни лекции. Најголемата збирка на неговите најпопуларни цитати може да ја пронајдете на едно место во книгата „Знаци покрај патот“.

Во продолжение, ви пренесуваме 10 безвременски цитати на Иво Андриќ:


1. Кој прави добро, од него уште повеќе добро се очекува.

2. Љубовта, кога е искрена и длабока, лесно простува и заборава.

3. Мирот и спокојството се единствените добра и најголемо достоинство на скромните и безимени луѓе.

4. Младоста е среќно доба во кое човек почнува да верува во себе, а сѐ уште не престанал да верува во другите.

5. Од своето потекло и детство не може лесно да се побегне.

6. Оној којшто не го изнесува нежниот цвет на својата душа на ветровитите искушенија, па макар и целиот да го спаси и пренесе до крај, исто како никогаш да не го поседувал.

7. Раната која се крие, бавно и тешко зараснува.


8. На ѕвезденото небо и човековото срце човек никогаш не може да им се изнагледа.

9. Животот ни го враќа само она што ние им го должиме на другите.

10. Многумина го постигнуваат она што го сакаат, но се губат себеси.




Спонзорирани линкови

Маркетинг