Врската на познатите актери била доста контроверзна. Познатиот српски зет бил првата љубов на холивудската ѕвезда, а по таа неславната романса и двајцата пронашле нова среќа. Сепак, остана запомнета приказната со бројни интригантни детали.
Актерката Џесика Алба (43) и Мајкл Ведерли (55) биле верени од 2001 до 2003 година, а врската ја започнале кога таа имала 18, а тој 30 години. Се запознале на снимањето на серијата „Dark Angel“ во јануари 2000 година.
Мајк Ведерли чекал Џесика Алба да го прослави 20-тиот роденден па да ја запроси. Нејзините родители не биле воодушевени од нејзината врска. Ѕвездата на серијата „NCIS“ и познатата актерка раскинале во 2003 година.
Џесика била воспитувана во строг католички дух, родителите ѝ забраниле да има интимни односи пред бракот. Извесни извори навеле дека актерката ја изгубила невиноста во оваа врска, а во 2005 година таа за „Cosmopolitan“ изјавила: „Едноставно не успеа. Бев толку млада, имав само 18 години кога започнав врска со него. Бев девица. Знаев дека сакам да бидам заљубена во личноста со која ќе спијам за првпат, бидејќи сите кои ги познавав своето прво сексуално искуство го опишаа на многу грд начин. Затоа бев многу внимателна, сакав да се вљуби во мене, а не едноставно да ме остави.
Додала: „Навистина, навистина е тешко да се занимаваш со иста професија со оној со кој си во врска, особено доколку и двајцата сте актери. Актерите се повлечени во толку многу различни насоки што едноставно е тешко, освен доколку и двајцата не сте сосема сигурни еден во друг. Одлучив дека никогаш повеќе нема да бидам во врска со актер“.
Во 2008 година, Џесика Алба стапила во брак со филмскиот продуцент Кеш Ворен, со кој ги има ќерките Хевен и Хонор и синот Хејс.
Во интервјуто, за односот со Ведерли го изјавила и следното: „Не знам зошто се верив. Бев девица. Тој е 12 години постар од мене. Мислев дека тој знае подобро. Моите родители не беа среќни. Тие се навистина религиозни. Веруваат дека Бог не би дозволил Библијата да биде напишана онака како што е напишана доколку тоа во што тие веруваат не е вистина. Јас сум сосема поинаква.
Во 2009 година, српскиот зет од Холивуд, Мајкл Ведерли се оженил со докторката Бојана Јанковиќ која е 15 години помлада од него. Со убавата Бојана ги има ќерката Патриша и синот Мајкл. Д-р Бојана Јанковиќ учествува во бројни хуманитарни акции во Србија.