[ФОТО] „Alfa Romeo“ од милион евра

Точка

01/03/2024

13:30

6.881

Големина на фонт

а а а

Ако сте љубител на „Alfa Romeo“, ова ќе биде вистински „десерт“ за вас. „Totem Automobili“ го претставува моделот „GT Alleggerita Modificata“ – без сомнеж најдобриот примерок на „Alfa“ кој некогаш сте го виделе.

Станува збор за полесен, а истовремено помоќен „GT Super“. Останал изгледот на „Alfa Giulia Sprint GT“ моделот, а и натаму се работи на прототипот.


Ова ќе биде ултра-редок автомобил, бидејќи ќе бидат направени само пет примероци. Ќе чини 1,1 милиони евра. Карбон доминира со дизајнот, и елементите се изработени од истиот материјал. Тука се новите „LED“ светла, како и „Brembo“ системот за кочење.


Овој автомобил ќе го придвижува 3,2-литарски „twinturbo V6“, кој е доработен и сега има 810 коњски сили со 730 Nm максимален вртежен момент.


Масата му е 1.086 килограми, а до „стотка“ развива за 2,6 секунди. Максималната брзина на ова возило е поголема од 300 км/ч. Сè уште не е откриен ентериерот на моделот, но од компанијата велат дека внатре ќе има спортски седишта од карбон „преоблечени“ во кожа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг