Цела светска елита доаѓа на забавата по повод венчавката на синот на најбогатиот Индиец: Ќе трае 3 дена, ќе пее Ријана, ќе се послужуваат 2500 јадења...

Точка

01/03/2024

21:42

11.440

Големина на фонт

а а а

Едно од најбогатите индиски семејства подготвува спектакуларна венчавка, чиј луксуз би можел да ги засени дури и сличните забави на најбогатите и најмоќните луѓе во светот.

Пред 6 години, Мукеш Амбани, најбогатиот Индиец, ѝ ја приреди најскапата венчавка на својата ќерка Иша која земјата некогаш ја видела. На венчавката пеела Бијонсе, а приемот бил организиран на италијанското езеро Комо, но подоцна и во Мумбаи и Раџастан. Целата церемонија чинела речиси 92 милиони евра.

Амбани е подготвен да организира уште поекстравагантен свадбен настан. Овојпат се жени неговиот најмлад син, 28-годишниот Анант Амбани.


Низ Индија внимателно се читаат и најмалите детали од свадбената прослава на која Анант ќе се ожени за Радика Мерчант (29), ќерка од познато претприемачко семејство кое ја води „Encore Healthcare“, голема индиска фармацевтска компанија.

Мерчант завршила школа по класичен танц, а сега седи во управниот одбор на „Encore“.

Според листата на богаташи на „Forbes“, Амбани како претседател на конгломератот „Reliance Industries“, кој се занимава со сè, од енергетика до текстил и телекомуникации, е најбогатиот човек во Азија. Неговото богатство се проценува на околу 100 милијарди евра. Амбани изгради 27-катна куќа во Мумбаи, која го привлече светското внимание по нејзината изградба која наводно чинела милијарда долари. „Forbes“ ја смести меѓу најскапите имоти во светот.


Иако сè уште не се објавени сите детали за венчавката, која ќе се одржи во јули, 3-дневната забава во пресрет на венчавката ќе биде настан на кој ќе се обединат најголемите ѕвезди.

Наводно во градината во која ќе се одржи забавата се засадени повеќе од 10 милиони дрвја и најголемиот овоштарник со манго во Азија, а таму се наоѓа и Центарот за спасување и рехабилитација на животни, основан од милијардерот. Во него се сместени 2000 животни од целиот свет, вклучувајќи леопарди, тигри, лавови, јагуари и слонови.


Еден од најфасцинантните потфати е изградбата на 14 нови храмови на имотот, која индиските медиуми ја опишуваат како чудо на архитектурата. Тие се украсени со скулптури на различни божества и живописни слики во стилот на фрески. Тие наведуваат дека ваквата иницијатива ја одразува посветеноста на семејството и зачувувањето на индиското културно наследство.

Очигледно, музичка ѕвезда на вечерта ќе биде Ријана. Ќе настапи и Дејвид Блејн, а на списокот на гости се наоѓаат многу индиски богаташи, познати личности од Боливуд, Бил Гејтс, Марк Закерберг и Иванка Трамп.

Се очекува на гостите да им бидат послужени околу 2500 јадења во текот на 3-те дена со цел да не го консумираат истото јадење двапати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг