Грин испорача нов „нокаут“, овојпат жртва беше ДиВинченцо

Дерби

01/03/2024

11:00

6.832

Големина на фонт

а а а

Дрејмонд Грин неодамна се врати на НБА терените по суспензијата поради серијата неспортски потези и удари кои ги испорачуваше на противнички играчи, но се чини дека не планира да го промени однесувањето на теренот.

Ѕвездата на Голден Стејт неколку недели одеше на советување по налог на НБА, но очигледно беше прашање на време кога ќе го испорача својот следен „нокаут“.

Овојпат настрада играчот на Њујорк, Донте ДиВинченцо, кој заработи силен удар во главата, но не доби ни прекршок за стартот на Грин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг