„Rotten Tomatoes“ е најпопуларниот сајт за филмските љубители, а на едно место собира информации и новости за филмови и серии, па ги сумира оценките од филмските критичари и публика.
Минатата година тие прославија 25 години постоење и во тоа име спровеле интересна анализа – кои се најдобрите филмови во изминатите 25 години, доколку се прашуваат критичарите.
Анкетата профункционирала едноставно – ги замолиле внимателно одбраните, познати филмски критичари да наведат 25 филмови кои ги сметаат за најдобри во последните 25 години.
На крајот од сето тоа, ги собрале нивните гласови и извлекле просек, па во продолжение ви ги претставуваме резултатите.
Петте најдобри филмови снимени во периодот од 1998 до 2023 година се следните:
MAD MAX: FURY ROAD (2015)
Консензус на критичарите: Со возбудлива акција и изненадувачка количина на наратив, ова остварување енергично се наметнува и ја враќа во живот постапокалиптичната франшиза.
Улоги: Том Харди, Шарлиз Терон, Николас Холт, Хју Кејс-Берн
Режија: Џорџ Милер
2. PARASITE (2019)
Консензус на критичарите: Многу важен, брилијантно слоевит поглед на современите општествени теми што покажува дека режисерот Бонг Џун-Хо во потполност владее со својот занает.
Улоги: Сонг Канг-Хо, Ли Сан-Кјан, Чо Јан-Чан, Чои Ву-Сик
Режија: Бонг Џун-Хо
3. MULHOLLAND DRIVE (2001)
Консензус на критичарите: Сонувачкиот, мистериозен филм е извртено неоноар дело со неконвенционална структура, која содржи хипнотизирачка изведба на Наоми Вотс како жена на мрачниот дел од Холивуд.
Улоги: Џастин Теру, Наоми Вотс, Лора Харинг, Ен Милер
Режија: Дејвид Линч
4. THE DARK KNIGHT (2008)
Консензус на критичарите: Мрачна, сложена, незаборавна приказна која успева не само како забавен стрип, туку и како богата, возбудлива криминалистичка сага.
Улоги: Кристијан Бејл, Хит Леџер, Арон Екхарт, Мајкл Кејн
Режисер: Кристофер Нолан
5. PORTRAIT OF A LADY ON FIRE (2019)
Консензус на критичарите: Особено богат период кој нуди возбудлива драма која поттикнува размислување среде силно одглумена романса.
Улоги: Ноеми Мерлон, Адел Енел, Луана Бајрами, Валерија Голино
Режија: Селин Сјама
Во продолжение на текстот ви го претставуваме остатокот од листата.
• IN THE MOOD FOR LOVE (2000)
• SPIRITED AWAY (2001)
• PAN’S LABYRINTH (2006)
• THE MATRIX (1999)
• THE SOCIAL NETWORK (2010)
• NO COUNTRY FOR OLD MEN (2007)
• THERE WILL BE BLOOD (2007)
• GET OUT (2017)
• MOONLIGHT (2016)
• EVERYTHING EVERYWHERE ALL AT ONCE (2022)
• MAGNOLIA (1999)
• WHIPLASH (2014)
• INSIDE LLEWYN DAVIS (2013)
• THE LORD OF THE RINGS: THE FELLOWSHIP OF THE RING (2001)
• ZODIAC (2007)
• INGLOURIOUS BASTERDS (2009)
• THE TREE OF LIFE (2011)
• PADDINGTON 2 (2017)
• BLACK PANTHER (2018)
• ARRIVAL (2016)