[ВИДЕО] Биле единствениот бенд во Југославија кој смеел на Тито да му каже „не“: Миленици на маршалот, кои биле ослободени и од служење војска

Точка

29/02/2024

22:32

13.603

Големина на фонт

а а а

Бендот „Sedmorica mladih“ бил еден од најголемите бендови во поранешна Југославија, а колку биле популарни говори и податокот дека во 1991 година влегле во „Гинисовата книга на рекорди“ како бенд кој непрекинато свирел во ист состав цели 33 години.

Јован Јова Радовановиќ открил дека биле толку популарни и сакани, што смееле да кажат „не“ дури и на Јосип Броз Тито.

Имено, бидејќи со „Sedmorica mladih“ стекнал слава ширум старата република, на 24 години заминал во странство и брзо бил меѓународно признат.


„Во тоа време почнав да свирам и саксофон, кој лесно го совладав. Подоцна додадов и флејта, бидејќи во бендот ни стана јасно дека со свирењето само џез нема долго да траеме. Моравме да го прошириме репертоарот, вклучивме класична и поп-музика, имавме настапи на различни јазици. На мое инсистирање вклучивме и пантомима и скечеви, благодарение на што постигнавме голем успех. Џезот и понатаму беше основа на нашите настапи, но го изведувавме на поинаков начин. Брзо го најдовме своето место на Запад, а во Германија снимивме и плоча. Мислевме дека во странство ќе останеме околу една година, но се задржавме 15“, своевремено раскажал Јова Радовановиќ.

Јосип Броз Тито ги обожувал, благодарение нему никој од „Sedmorica mladih“ не морал да служи војска бидејќи доживотниот претседател на Југославија сфатил дека бендот „надвор“ е многу покорисен отколку во татковината.

„Тито беше „слаб“ на нашите изведби на црнечки духовни и руски песни, а нè сакаше и Јованка, која ни пријде после една свирка во Караѓорѓево и нè праша дали таа и Стари можат да се фотографираат со нас. Честопати бевме нивни гости, а тој сакаше да седи со нас до раните утрински часови. Беше голем господин. Нè покани и на своето патување со „Галеб“ на Самитот на неврзаните во Куба, но моравме да одбиеме поради однапред договорените концерти. Подоцна се покажа дека тоа всушност беше неговото последно патување“, се присетил Јова.




Спонзорирани линкови

Маркетинг