[ФОТО] „Бубрег во замена за кралската круна“: Интернетот преплавен со теории на заговор за Кејт Мидлтон и не се знае која е побизарна – мрежите распламтени со коментари

Точка

28/02/2024

23:19

8.454

Големина на фонт

а а а

Откако вчера беше соопштено дека принцот Вилијам поради лични причини нема да присуствува на комеморацијата на грчкиот крал Константин во Виндзор, почнале да кружат теории на заговор за тоа што се случува со неговата сопруга Кејт Мидлтон.

 Не се наведени кои се причините и дали е тоа поврзано со третманот на принцезата од Велс, иако Кенсингтонската палата соопштила дека нејзиното закрепнувањето оди добро.

Имено, сопругата на принцот од Велс имала операција на абдоменот, а се очекува по Велигден да се врати на должностите. Не е позната точната проблематика на хируршката интервенција, што на социјалните мрежи се коментира на различни начини.


Им нема крај на ужасните теории на заговор за Кејт Мидлтон, а прилично се непримерни бидејќи станува збор за здравствен проблем, како што истакнуваат оние на кои таквите коментари им пречат.

И експертите ја коментирале мистеријата околу операцијата на принцезата од Велс, но на сосема поинаков начин.

Заклучокот бил дека се работи за сериозна состојба, а превезот на мистеријата ја следи и приказната за борбата на кралот Чарлс со ракот.

На 5 февруари, Бакингемската палата издаде соопштение дека монархот боледува од рак, без да прецизира за кој вид на рак станува збор. Познато е дека тој имал операција поради бенигно зголемување на простатата, неколку дена по операцијата на Кејт, во истата болница.


И додека одлуката на Вилијам да отсуствува од вчерашниот настан ги загрижува британските експерти, на социјалните мрежи на бизарен начин се коментира случајот на принцезата.

„Во потполност уживам во сите теории на заговор за Кејт Мидлтон. Не ме интересира кралското семејство, но приказната за нејзиното закрепнување откако на кралот Чарлс му донирала бубрег во замена еден ден да стане кралица навистина ме насмеа.“

Да потсетиме, Кејт еден ден дефинитивно ќе стане кралица, со оглед на тоа што е во брак за првиот во редот за наследство на британската круна.

„Кејт Мидлтон пред да ги прескокне ѕидовите на Кенсингтонската палата и побегне во ноќта.“

Меѓу теориите на заговор се и оние дека „во тајност родила бебе со портокалова коса, се заклучила во тоалетот, станала небинарна личност.“

Некои пишуваат дека Кејт имала операција за бразилско подигнување на задникот затоа што се зборувало дека нејзиното закрепнување ќе трае три месеци, а толку всушност трае и закрепнувањето по споменатата хируршка процедура.

Други, пак, велат дека во Британија немало немири по веста за операцијата на Кејт и тоа за нив не е случајност.

Може да се прочита и дека „Кејт е под програма за заштита“.

Тука е и теоријата дека Кејт е протерана од семејството и дека патува низ Британија, продавајќи ја својата коса како би преживеала.

На официјалниот „Instagram“ профил на принцезата и принцот од Велс може да се прочитаат различни коментари каде порачуваат дека „Кејт имала одредена козметичка процедура, а толку се одмара бидејќи е позната како најмрзеливата на дворот.“


Постојат и коментари дека не е во ред палатата да крие детали за здравјето на принцезата, бидејќи тоа само го зголемува бројот на „теориите“.

Кејт засега сака информациите за нејзиното здравје да ги задржи во тајност.

Принцезата од Велс добила голема поддршка и желби за брзо закрепнување. Како вие ги коментирате Интернет теориите?




Спонзорирани линкови

Маркетинг