„Фантомски гол“ го остави Реал Сосиедад без финале во Купот

Дерби

28/02/2024

14:16

1.228

Големина на фонт

а а а

Реал Сосиедад влезе како голем фаворит во двомечот со Мајорка, а откако не ја искористи најголемата шанса на првиот меч кој се одигра на Островот, вчера мораше да брка негатива и со голот на Ојарзабал да избори продолженија.

Регуларниот дел на „Реале арена“ заврши 1:1 и се играа дополнителни 30 минути, период во кој го видовме и најконтроверзниот момент од овој полуфинален двомеч во Копа дел Реј.

Мајорка на крајот славеше во пенал рулетот и излезе како победник, но играчите и навивачите на Реал Сосиедад уште некое време ќе се сеќаваат на шансата од првото продолжение.

Домаќините имаа стопроцентна шанса во 95-та минута и сите ја видоа топката во голот, но Хауме Коста реагираше и топката со доста среќа се одби од него, по што работата за луѓето во ВАР беше многу тешка.

Ниту една снимка не покажа дали топката ја мина гол линијата по ударот на Тирни, а Шпанците уште еднаш добија многу критики што не ја применуваат гол-технологијата која чини 4 милиони евра.

„Фантомскиот гол“ на Тирни предизвика големо незадоволство кај фановите на Реал Сосиедад, особено поради тоа што почнаа да се прават и 3Д снимки кои откриваат дека топката завршила зад гол линијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг