[ФОТО] Многу жени кај нас ги обожаваат, а тој не сака ни да ги погледне: Најлошо парче гардероба според Томи Хилфигер

Точка

28/02/2024

13:32

8.965

Големина на фонт

а а а

Дизајнерот Томи Хилфигер за „Page Six“ сподели кое парче женска облека за него е најлошо и зошто.

Томи Хилфигер претпочита гардероба која ја истакнува женската фигура.


Неговиот моден бренд долго време се позиционираше како исклучително популарен ширум планетата, а со името на креаторот се поврзуваа одредени скандали, по што тој успешно продолжи да се занимава со својот бизнис.


Како што обично се случува кога се дизајнерите во прашање, секој од нив преферира одреден стил, материјали, облека, бои, но некои работи ги презираат и никогаш не се дел од нивните модни колекции!

Станува збор за — широки и торбести панталони.


„Мислам дека жените изгледаат страшно во нив“, рече дизајнерот. — Сакам да видам нешто што повеќе одговара на обликот на женското тело. Панталоните треба да и прилегаат и да бидат женствени или барем малку потесни во пределот на колковите – изјави дизајнерот.

Со оглед на тоа што сака парчиња кои ја слават заобленоста на женската фигура, не е изненадување што тој мрази широки панталони. Сепак тие се многу популарни кај оние дами кои претпочитаат удобност и можеби сакаат да ги сокријат вишокот килограми.


„Во Њујорк сакаме да носиме црно. Мојата облека подобро се продава во Флорида, Калифорнија, Тексас и слично. Многу туристи ја купуваат мојата облека во Њујорк и ја носат од каде што доаѓаат.“