Популарниот психијатар Јунг открива зошто некои луѓе ужасно нѐ нервираат и не можеме со очи да ги гледаме – одговорот можеби нема да ви се допадне

Точка

27/02/2024

22:56

15.011

Големина на фонт

а а а

Дали постојат навики и гестови кај некои луѓе кои особено ве нервираат? Многу од луѓето имаат некоја личност која страшно ги нервира поради движењата на рацете, смеењето, па дури и кога ја набљудуваат од одредено растојание. Зошто е тоа така?

Психолозите истакнуваат дека постојат многу причини за оваа состојба, но и една која можеби нема да ви се допадне – вие всушност во нив го гледате она што ве нервира кај вас.

Склони сме често своите проблеми и недостатоци, негативни емоции и внатрешни конфликти да ги проектираме на другите лица и тоа особено нѐ нервира и иритира.


Нашите внатрешни конфликти се претвораат во фрустрации и затоа тоа што кај нас е иритантно всушност го увидуваме кај другите луѓе.

Можно е кај лицето кое нѐ нервира всушност да ги препознаваме сопствените карактеристики кои не ни се допаѓаат, не сакаме да го признаеме тоа, а можеби и дури се срамиме од тие особини.

Популарниот психијатар Карл Густав Јунг еднаш кажал: „Сѐ она што те нервира кај другите може да доведе до подобро разбирање на самиот себе“.

Реакцијата на личноста кај која нешто нѐ нервира всушност и не е злонамерна туку претставува внатрешен механизам.

На тој начин личноста се штити себеси од самоспознавање на сопствените маани, не е свесна дека таквите карактеристики ги има кај себе.

Сепак, потиснување на емоциите или нивното негирање е само привремено решение кое всушност само може дополнително да ја искомплицира ситуацијата. Несвесно се штитиме од соочување со самите себе затоа што можеби не сме подготвени за таква конфронтација.


Сепак, кога ќе си ја признаете себеси вистината, тоа може да ви помогне подобро да се запознаете и кај себе да ги поправите одредени работи кои не ви се допаѓаат.

Поради тоа, следниот пат кога нешто ќе ве изнервира кај некој друг, запрашајте се за себе. Освестете се и дознајте дали одговорот е сепак скриен длабоко во вас.