Доктор советува: Доколку сакате да доживеете 100 години овие суплементи задолжително вметнете ги во исхраната

Точка

27/02/2024

14:55

7.136

Големина на фонт

а а а

Како да ја задржиме косата, да го запреме создавањето брчки на нашата кожа, да го одржиме либидото и да создадеме задоволувачки сексуален живот сѐ до средните години и подоцна? Зошто некои луѓе доживуваат 100 години, а други не?

Четири суплементи кои дневно го запираат стареењето

Во ова верува д-р Мајкл Грегер, специјализиран за исхрана и долговечност. Покрај растителната исхрана, треба да се консумираат и четири суплементи секој ден. Првиот е витамин Д за којшто објаснува дека помага во апсорпција на калциум и фосфор коишто се клучни за јаки коски и заби.


Според една студија, тоа е поврзано со намалениот ризик од развој на канцер, а д-р Грегер исто така консумира и витамин Б12 којшто помага во функцијата на нервите, формирањето на црвените крвни зрнца и произведувањето ДНК. Тој се наоѓа во исхраната, но главно во онаа од животинско потекло поради која веганите се во опасност од негов недостаток.

Инаку, Мајкл Кершел Грегер е американски доктор и професионален говорник за прашањата на јавното здравје, најпознат по заложување за исхраната основана на растително потекло.

„Луѓето кои јадат храна од растително потекло мора да обезбедат извор на витамин Б12“, советува Грегер.

Третиот додаток којшто го консумира овој доктор се DHA капсулите на база на алги. Доколку ви недостасува DHA, може да развиете иритација на кожата и очите, вкочанетост во зглобовите и зголемен ризик од депресија.


Конечно, д-р Грегер го открил и четвртиот додаток во исхраната којшто се состои од: мелена куркума, црн ким, мелен ѓумбир. Тој смета дека оваа моќна комбинација делува противвоспалително и го јакне имунитетот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг