Фотографиите кои досега се добиени покажуваат дека „Odysseus“, откако пропатувал речиси милион километри, слетал 1,5 километри подалеку од планираното место.
Приватното американско летало „Odysseus“, кое минатата недела „повеќе или помалку“ успешно се спушти на површината на Месечината, работи без проблеми и праќа податоци назад на Земјата, објавиле од компанијата „Intuitive Machines“.
Како што истакнуваат, „Odysseus“ ги прати и првите фотографии од Месечината. Поточно, станува збор за фотографии кои настанале во текот на самото спуштање на леталото. Иако на фотографиите не се гледа премногу, тие се важни, бидејќи станува збор за први фотографии од јужниот пол на Месечината.
Фотографиите кои досега се добиени покажуваат дека „Odysseus“, откако пропатувал речиси милион километри, слетал 1,5 километри подалеку од планираното место. Така „Odysseus“ моментално се наоѓа на висина од 2.579 метри.
Потсетуваме, контролата на летот, која се наоѓа во Тексас, планира да собере податоци од „Odysseus“ додека тој ќе работи.
„Odysseus“ влезе во историјата, не само поради положбата на која слетал, туку и како прво летало на приватна американска компанија кое успешно се спуштило на Месечината. Со оглед на тоа дека „Intuitive Machines“ соработуваат со НАСА, податоците кои „Odysseus“ ги собира ќе бидат клучни во планирањето на враќањето на астронаутите на Месечината во рамките на мисијата „Artemis“. Имено, „Odysseus“ би требало да собере податоци од површината на Месечината и да им помогне на научниците да утврдат дали на Месечината постои мраз кој би можел да се искористи за одржување на астронаутите и потенцијални бази на таа планета.