Почина американскиот војник кој се запали поради Газа, последните зборови му биле: „Слободна Палестина“

Точка

26/02/2024

17:45

4.944

Големина на фонт

а а а

Арон Бушнел, американски војник кој се запали пред израелската амбасада во Вашингтон, велејќи дека нема да учествува во геноцидот во Газа, починал во болница.

Полицијата во Вашингтон објавила соопштение во кое е потврдено дека 25-годишниот Бушнел починал откако се запалил пред израелската амбасада.

Активниот припадник на американското воено воздухопловство се запалил во неделата пред израелската амбасада во Вашингтон во знак на протест против војната во Газа, наведуваат бројни американски медиуми.


„Повеќе нема да бидам соучесник во геноцид. Ќе се впуштам во екстремен чин на протест, но во споредба со тоа што луѓето го доживуваат во Палестина од страна на колонизаторот, ова воопшто не е екстремно. Тоа е тоа што нашата владејачка елита одлучи дека ќе биде нормално“, рекол 25-годишниот Арон Бушнел пред да се запали.

Снимката која го прикажува неговиот протест и моментот кога Бушнел се запалил станала вирална.


Пожарот го изгаснал член на персоналот на тајната служба, а Бушнел после тоа бил префрлен во болница поради критични повреди опасни по живот, каде и починал.

Последните зборови му биле – „Слободна Палестина“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг