[ВИДЕО] „Толку „смрди“, што овде не може да се јаде“: Австралијка го посетила Лесковац и открила што ја шокирало, а една работа особено ја згрозила

Точка

26/02/2024

22:08

19.642

Големина на фонт

а а а

Кејтлин е девојка од Австралија која дошла да живее во Србија пред две години. Таа тогаш преку социјалните мрежи открила што ѝ се допаѓа, а што не кај нашите соседи.

Тогаш тврдела дека многу работи во Србија, конкретно во Лесковац, ја шокирале, а како една од нив го посочила алкохолот.


Еве неколку работи кои ме шокираа кога се преселив тука од Мелбурн. Прво, алкохол може да се купи насекаде“, започнала Кејтлин.

На почесно второ место меѓу работите кои ѝ пречеле биле цигарите. Кејтлин била згрозена од фактот дека повеќето кафулиња и ресторани дозволуваат пушење.

„Мирисот е ужасен и понекогаш е навистина тешко да се јаде“, продолжила Кејтлин, на која ништо повеќе не ѝ се допаднале ниту обложувалниците. „Обложувалниците се полни и преку ден, а возењето и паркирањето ме зачудуваат секојдневно. Луѓето се паркираат насекаде, дури и на улица и никој ништо не презема по тој повод.


Една работа особено ја растажила. Ѝ било навистина тешко поради бројот на кучиња и мачки скитници.

„Мачки и кучиња скитници има насекаде низ градот и тоа навистина ме растажува, бидејќи се многу слатки и само сакаат дом“, истакнала Кејтлин, на која ѝ пречела и социјалистичката архитектура.

Се чини, сепак, сите овие работи не ѝ пречеле толку многу, бидејќи често објавувала видеа за тоа што ѝ се допаѓало во Србија, а сега го продолжила своето патување кон запознавање други култури и заминала во Јапонија.