Компанијата „HMD“ потпишала партнерство со „Mattel“ околу развој на телефон базиран на најпопуларната кукла во историјата.
Минатото лето го одбележија два филмови кои ги наполниле киносалите ширум светот. Едниот е „Oppenheimer“, приказната за таткото на атомската бомба, а другиот е „Barbie“, по кој светот повторно полуде по популарната кукла. Иако од емитувањето на филмот во кино-салите помина една година, изгледа дека барбиманијата сè уште трае бидејќи на најголемиот светски саем за мобилни уреди, „Mobile World Congress“ кој моментално се одвива во Барселона, најавен е официјален „Barbie“ телефон.
Овој уред го најави компанијата „HMD“ (Human Mobile Devices), која е најпозната по производството на телефоните „Nokia“ и сега потпишале партнерство со „Mattel“ благодарение на кое љубителите на популарната кукла ќе може да купат официјален „Barbie“ телефон. „HMD“ засега најавил само претставување на уредот, не сè уште не објавиле негови фотографии, ниту цена, а засега тоа што е познато е дека „Barbie“ телефонот ќе биде преклопен уред со розова боја и светки.
Но, ако веднаш помисливте за купување на овој телефон, веројатно ќе се разочарате од фактот дека ова не е класичен смартфон, туку станува збор за таканаречен „feature“ телефон, односно мобилен кој не работи на оперативен систем, ниту има напредни опции како модерните телефони. Во прв план не е ни поврзаноста на интернет, а нема ни екран чувствителен на допри, туку доаѓа со старомодните копчиња. Таквите уреди биле популарни на почетокот на овој век и првенствено се наменети за телефонирање и праќање на СМС пораки. Токму затоа, HMD го рекламира како телефон кој носи стил, носталгија и многу потреба дигитална детоксикација.
Со оглед на тоа дека повеќето луѓе денес не можат да живеат без паметен телефон и бројни апликации кои секојдневно се користат, „Barbie“ телефонот веројатно на никого нема да му биде главен телефон, но затоа би можел да биде замислен ако втор уред кој ќе се користи во ситуации кога луѓето сакаат да побегнат од дигиталното секојдневие и бројните известувања од смартфонот, но сакаат да имаат уред за комуникација со најблиските.
Бидејќи „HMD“ не е глобално препознатлив бренд, веруваат дека партнерството со „Mattel“ ќе им помогненивното име да стане познато кај повеќето луѓе ширум светот. Во промоцијата на телефонот веројатно ќе им помогнат и славни личности и инфлуенсери.
Како ќе изгледа телефонот би требало да дознаеме наскоро, а во продажба го очекуваме во текот на летото.