Познатата комичарка вчеравечер го изненади Холивуд со драстично послабата фигура - практично се „преполовила“: Имаше 125 килограми, а еве како изгледа сега

Точка

26/02/2024

10:56

14.459

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Мелиса Мекарти вчеравечер се појави на доделувањето на наградите „Producers Guild“ во Лос Анџелес и ја изненади јавноста со драматична промена - оваа бринета практично се „преполовила“! Познатата 53-годишна комичарка се одлучила за плисирана металик виолетова тоалета со ремен кој го истакнува струкот, која ја надополнила со контрастна клач чанта во боја на сенф.

Мекарти пристигна на црвениот тепих во друштво на нејзиниот сопруг Бен Фалконе, а парот бил одлично стилизиран: актерот одлучил да ја усогласи бојата на неговиот костум со онаа на креацијата на неговата сопруга. Актерката, како и обично, ја красела широка насмевка и навистина одамна не изгледала толку добро.


Познатата Американка со години се бори со вишокот килограми, а како што и самата призна во една прилика, ја носела секоја конфекциска величина што постои - од S до XXXL.

„Во еден период во моите 20-ти години бев во одлична форма, но не го ценев тоа. Носев големина S и М, а потоа мислев дека тоа треба да бидат XS или XXS. Сега се чувствувам како да имам две одлични деца и најдобриот сопруг на планетата, а сè друго вклучува работа на тоа“, искоментирала Мелиса и додала дека во 30-те години се прифатила себеси и својата тежина, а и нејзиниот сопруг многу ѝ помогнал да се чувствува удобно во сопствената кожа.


„Тој е секогаш полн со љубов, љубезен и добар. И забавен е и да бидам искрена, тој е најчудниот човек кој го познавам“, рекла таа.

Мекарти открила дека ослабела преку 35 килограми, но не прецизирала како успеала да го направи тоа. И додека во минатото практикувала диета базирана на висок внес на протеини и интензивно вежбање во теретана, сега не го споменала начинот на кој ослабела, но дел од заслугата за губењето и одржувањето на сегашната тежина ја препишала на тоа што престанала да се грижи. Инаку, актерката имаше околу 125 килограми пред да почне да работи на својата нова фигура.


„Конечно си реков: „Ох, добога, престани да се грижиш за тоа“ и тоа е можеби најдобрата работа која некогаш сум ја направила“.

„Сепак, тоа не треба да биде најинтересното нешто кај мене. Мора да има нешто повеќе. Има многу поинтригантни работи за жените од нивните задници или нивното ова или нивното она“, заклучила Мелиса.