Доколку не сакате да поминувате долго време во кујна, денеска ви претставуваме рецепт за кој ви се потребни само неколку минути.
За овие едноставни кокос колачиња ви се потребни само неколку состојки.
Потребни состојки:
- 100 гр. путер
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 100 гр. шеќер
- 240 гр. брашно
- половина ќесичка прашок за пециво
- 100 гр. кокос
- 2 јајца
- сок од еден лимон
Подготовка:
Во еден сад измешајте ги сувите состојки, а во друг сад ставете ги јајцата, путерот и сокот од лимон. Потоа, сè убаво измешајте и матете со миксер додека не добиете компактна смеса.
Со дланките формирајте кружни форми и ставете ги на плех обложен со хартија за печење. Печете ги 15 минути на 180 степени.