[ФОТО] Славните дами во сенка, оваа петорка покажа вистинска класа: Еве како изгледаше црвениот тепих на „SAG“ наградите

Точка

25/02/2024

11:27

8.781

Големина на фонт

а а а

Вчеравечер во Лос Анџелес се одржа доделувањето на „SAG“ наградите, едни од најпрестижните во светот на кинематографијата, а сосема заслужено признание за најдобра женска главна актерка доби Лили Гледстоун за улогата во филмот „Killers of the Flower Moon“.

Лили е првата Индијанка која некогаш ја освоила оваа награда, а очекувано, покрај фактот дека таа испиша историја, големо внимание привлекоа и модните изданија на славните дами на црвениот тепих.


Самата Лили не брилирала кога станува збор за изборот на тоалета за оваа церемонија, но и ретко која од останатите познати дами се истакна со својот моден избор оваа година.

Посебен впечаток оставија помалку познати дами како 20-годишната актерка Сторми Рид која избрала неверојатно шик фустан со потпис на „Balmain“ од смарагднозелен плиш со богат вез, потполно поинаков од останатите.


Нè воодушеви и гламурозната светлозлатна тоалета на Кери Малиган, иако некои критичари велат дека оваа нијанса не ѝ прилега најдобро според нејзиниот тен и боја на коса. Сепак, самата креација е навистина неверојатна, а истата е дело на брендот „Armani Prive“. Таа ја искомбинирала тоалетата со совршен ѓердан од злато и дијаманти кој го изработил францускиот јувелир Рене Боевин во 1930 година.


Во нашата топ петорка влегоа и три дами во црвено – британската водителка Хана Водингем, 16-годишната американска актерка Аријана Гринблат и актерката Рајан Мишел Бејт.




Посебно внимание привлекоа и креациите на Тараџи Пи Хенсон која се појави во раскошна црна тоалета, како и розовото издание на актерката Бри Ларсон.


Во продолжение, погледнете ги останатите изданија на „SAG“ наградите:







Спонзорирани линкови

Маркетинг