Конечно е јасно: Режисерот открива зошто на снимањето на филмот „Титаник“ учествувале само ниски луѓе

Точка

24/02/2024

14:33

9.736

Големина на фонт

а а а

Џејмс Камерон е режисер којшто не остава ништо на случајноста и не дозволува во ниту еден момент било кој вид на ограничување да влијае на квалитетот на неговиот филм.

Па, така на снимањето на филмот „Титаник“ ги применил тие свои правила, а во тој момент филмот бил еден од неговите најскапи.


Меѓутоа, за да ги намалат трошоците, продуцентите одлучиле во текот на снимањето на филмот да применат еден трик. Во сето тоа клучна улога имале ниските луѓе.

„Снимавме со ниски статисти за сетовите да изгледаат многу повисоко. Секој којшто беше повисок од 177 сантиметри не ја доби работата на статист. Со тоа заштедивме дополнителни милиони долари“, раскажал за светските медиуми режисерот Џејмс Камерон.


Да ве потсетиме, „Титаник“ со Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо во главните улоги и денес, после повеќе децении, е омилен филм на многу од генерациите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг