Жалбата на таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, денеска е одбиена од страна на Апелациониот суд како неоснована. Неговиот престој во притвор е продолжен за уште 30 дена.
- Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по предметот КСЖ-170/24, по одржана Јавна седница, на ден 22.2.2024 година, донесе Решение со кое жалбата на осомничениот А.Ѓ., од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, ја одби како неоснована и го потврди Решението на Основниот кривичен суд со кое мерката притвор се продолжува за уште 30 дена, соопшти денеска Апелационен суд Скопје.
Неговата одбрана претходно бараше укинување на мерката притвор, поради наводно немање докази дека тој е инволвиран во убиството на неговата ќерка.
Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Тој од декември е во притвор во Шутка.
Според исказите на останатите осомничени, Ѓорчевски ги дал информациите за тоа кога Вања сама ќе излезе од дома на првоосомничениот за нејзиното убиство, Љупчо Палевски.