[ВИДЕО] Хрватската инфлуенсерка по изјавата за нивната заработка: Некој го плаќа целиот тим за една објава

Точка

23/02/2024

15:32

4.505

Големина на фонт

а а а

Хрватската инфлуенсерка Маша Зибар по изјавата за приходите на инфлуенсерите зборуваше и за тоа колку е тежок процесот на креирање пост.

Таа објави видео во кое се осврна на колегите кои се жалат дека многу работат и не заработуваат доволно.

"Вчера ги нападнав инфлуенсерите, а денес ќе зборувам за нашите напори. Во овој бизнис сум десет години и точно знам колку труд и време е потребно за да се направи видео. Се разбира, секоја содржина бара свое време. Некој ќе потроши 15 минути и нема да се труди за видеото, додека некој ќе вработи и плати цел тим да го нашминка, да снима видео и да изнајми студио за сето тоа да изгледа како сериозна продукција. Снимањето трае и по неколку часа“, изјави таа.

Да потсетиме, Маша вчера се осврна на заработката која ја прават инфлуенсерите.

„Да не одиме во таа насока, ние сме привилегирани, оваа работа е луксуз. Свесни сме дека можеме да наплатиме една објава исто колку што хирург зема месечна плата и тоа со дежурства“, посочи таа.

Таа потоа истакна дека оваа работа и дозволувала да работи кога сака и од каде сака, да ја работи својата работа од каде било во светот и да оди на одмор колку сака.




Спонзорирани линкови

Маркетинг