[ВИДЕО] Стјуардеса објаснила што не треба да прават патниците во авион, а потоа открила бизарен детаљ

Точка

22/02/2024

16:05

4.981

Големина на фонт

а а а

Стјуардеса по име Шер, со седиште во Далас, често објавува видеа во кои ги споделува своите работни искуства на нејзиниот профил на ТикТок, а неодамна ги објасни трите работи што никогаш не би ги направила кога станува збор за летање.

Да патувате облечени во шорцеви

Таа објаснува дека „има многу причини“ зошто никогаш не би носела шорцеви во авион и додала дека авионите се ладни дури и во лето и дека луѓето смрзнуваат кога носат нешто кратко.


Плус, има уште една практична причина поради која не препорачува носење шорцеви во лет: „Да речеме дека има евакуација, мора да се спуштите по лизгалката, па така вашиот заден дел може да настрада“.

Резервација на транзит летови со време на чекање помало од три часа

Иако летовите помеѓу кои има пократка пауза се секогаш поевтини, Шер објасни како летовите често доцнат. Поради ова, постои голема веројатност дека нема да стигнете на другиот лет, што значи дека сте осудени да поминувате часови талкајќи низ аеродромот.

„Веројатноста да го пропуштите вториот лет е голема ако имате помалку од три часа чекање помеѓу пристигнувањето и полетувањето“, објасни таа.

Користење на тоалетна хартија

На крајот Шер спомна дека патниците често може да забележат дека тоалетната хартија во тоалетот е намокрена од капки.

„Но, капките не се од вода, туку од урина. Затоа на дамите секогаш им препорачувам да користат лични марамчиња за бришење“, заклучила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг