Моментално најпопуларната пејачка на светот Тејлор Свифт е на турнејата Ерас во Австралија, а престојува во Сиднеј.
Таму го изнајмила претседателскиот апартман во хотелот со пет ѕвездички „Crown Sydney“, кој нуди неверојатен поглед на заливот и симболот на овој град – Сиднејската опера.
Претседателскиот апартман се наоѓа на 88 кат, а благодарение на стаклените ѕидови долж целиот простор, како и отворената тераса со приватно џакузи, има неверојатен поглед на пристаништето и Операта. Ноќевање во овој луксузен апартман чини околу 23.000 евра, па само ретки може да престојуваат во истиот.
Тејлор Свифт пристигна во Сиднеј по три распродадени концерти во Мелбурн. На стадионот „Акор“ ќе одржи четири концерти, а мирот кој и е потребен, како и сè друго што ѝ треба ќе го има во овој апартман.
Покрај тоа, овој луксузен апартман на своите гости им нуди канцеларија, соба за масажа, приватна теретана, мермерна топла када и спална соба со бања.
Тејлор пристигна во Австралија по завршувањето наазискиот дел од турнејата, а последен пат настапи во Јапонија. Таа имаше само кратка пауза поради финалето на Супер Боул, каде го бодреше своето момче Тревис Келси.