Британски "Times" го препорачува Скопје за "перфектен есенски одмор": "Оддалечен на само три часа"

Точка

21/02/2024

21:46

3.280

Големина на фонт

а а а

Евтиниот балкански град совршен за пролет е оддалечен само три часа. Директни летови, хотел на брод и богата гастрономска култура. Скопје е градот за викенд бегство за кое не знаевте дека ви треба. Вака британскиот весник Тајмс во својата рубрика за туризам го препорачува главниот град на Македонија за „перфектно пролетно бегство“.

Главниот град на Македонија со голема брзина станува место за фасцинантен, економичен и сосема различен одмор. Неверојатна кафе култура, многу луксузни барови со популарни македонски вина, блескави нови трговски центри и музеи.


"Times" го опишува Скопје како долина обиколена од планини украсена со реката Вардар, додека земјотресите го „принудиле“ градот да се "изгради" повеќе од еднаш.

Понатаму пишуваат дека Скопје во минатото бил витална трговска точка на Балканот, родно место на Мајка Тереза и прекрасна мешавина од религии и традиции.


Нивните препораки се рестораните Пелистер, Скопски мерак, Кањон Матка, кафулињата Ракија бар калдрма, Балканско катче… Од местата кои треба да се посетат се препорачува Градскиот музеј, тврдината Кале, кањонот Матка, Градскиот парк и прошетка по кејот на Вардар, жичарницата на Водно… Од местата за преноќување на прво место е хотелот Сенигалија, бродот на реката Вардар, со описи за љубезниот персонал, удобните соби во форма на бродска кабина, со смирувачкиот звук на водата која тече покрај вашиот прозорец и вкусната храна.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА!




Спонзорирани линкови

Маркетинг