На пијан пешак му ја одземале дозволата, а тој не ни возел: Еве зошто добил казна

Точка

21/02/2024

19:49

15.588

Големина на фонт

а а а

Може ли полицијата да му одземе возачка дозвола на пешак? Ако сметате дека не може, грешите.

Наредната приказна се одиграла во италијанскиот град Комо, а во центарот на вниманието биле неименуван маж и припадници на локалната полиција.

Човекот бил на вечера, но непрописно го паркирал возилото, па добил казна, пренесува „leUnita“.


Кога сфатил што се случило, отишол во полициската станица, а таму му било кажано дека мора да мине алко-тест. Вредностите биле повисоки од дозволените, па му била одземена возачката дозвола.

„Неверојатна одлука на локалната полиција. Му ја одземаа дозволата на мојот клиент, иако во тоа време не бил зад воланот, ниту излегувал од автомобилот. Повторувам – пешачел“, рекол адвокатот Ивано Киеза.


Човекот одлучил да се жали на суд, а неговото барање било уважено. По позитивната одлука се вратил во полициската станица, овој пат во друштво на адвокатот, но возачката не му била вратена.

„Полицијата се спротивстави и истакна дека мојот клиент мора да направи клинички тестови, за да ја утврдат неговата способност за возење. Ни кажаа дека праксата е таква, освен ако не покажеме налог од судот за моментално враќање на документите“, објаснил Киеза.


Судијата прифатил да го издаде налогот, но случајот и натаму не е решен. Наредната расправа ќе се одржи утре, на 22-ри февруари.