[ВИДЕО] Погледнете како може да се управува со автомобил со само еден поглед

Точка

21/02/2024

16:39

7.359

Големина на фонт

а а а

Иако веќе постојат бројни апликации за управување на автомобили, сите тие бараат користење на прст на екранот на паметниот телефон. Не и оваа.

Паметните телефони досега се покажале како неизоставен дел од секојдневниот живот. Не само што ни овозможуваат во секој момент да бидеме поврзани со светот, туку и ни нудат некои дополнителни можности.

Со развојот на вештачката интелигенција и нејзиното интегрирање во паметните телефони, дополнително се отвора простор за развој на нови функции и услуги.

Една од таквите функции која би можела да биде интересна е – управување на автомобилот со поглед.

Иако веќе постојат бројни апликации за управување со автомобили, сите тие бараат користење на прст на екранот на паметниот телефон.

Но, еден автомобилски инженер одлучил да тестира апликација со следење на поглед на телефоните и да ја поврзе со управувањето на автомобилот. Иако сè уште е на ниво на експеримент, во видеото објавено на „YouTube“ покажал како функционира целата работа.

Во видеото се покажани четири можности кои може да се активираат со поглед – стартување на моторот, гаснење на моторот, движење напред и назад. По гледање во одредена опција 2-3 секунди, одредената можност се активира и во склад со тоа се одразува на движењето на автомобилот.

На прв поглед, можеби оваа можност и не делува многу корисно, но кој знае – можеби произведувачите на автомобили ќе ја препознаат како опција и ќе ја спојат со екраните на возилата. Замислете да сакате да ја пуштите климата во возилото. Се што треба е да погледнете во копчето. Звучи интересно, зарем не?




Спонзорирани линкови

Маркетинг