Црниот дроб е еден од виталните органи кој врши стотици важни функции во телото, вклучително и претворање на храната во енергија и отстранување на токсините од крвта. Затоа, секое оштетување на црниот дроб е сериозен проблем.
Како што сугерира името, замастениот црн дроб е предизвикано од таложење на маснотии во овој орган. Иако на почетокот нема да предизвика никакви проблеми, со текот на времето може да доведе до трајно оштетување на црниот дроб. Покрај тоа, ако не се лекува, може да резултира со цироза, откажување на црниот дроб, рак, па дури и смрт.
Гастроентерологот Саураб Сети вели дека повеќето луѓе со замастен црн дроб на почетокот нема да почувствуваат никакви симптоми.
„Без разлика дали станува збор за алкохолно заболување на црниот дроб или за неалкохолно, обично нема никакви симптоми. Болеста обично се открива со тест на крвта или ултразвучен преглед. Затоа е подмолна болест“, вели тој на видеото на ТикТок.
Докторот исто така посочува дека проблемот е што 50 отсто од луѓето со болест на црниот дроб имаат нормални ензими на црниот дроб. Во ризик да развијат замастен црн дроб се луѓе со семејна историја на болеста, луѓе кои страдаат од алкохолизам и луѓе кои страдаат од метаболички синдром, вклучувајќи дебелина, висок крвен притисок, дијабетес или висок холестерол.
Во подоцнежните фази може да се појават симптоми како што се тапа болка во горната десна страна на абдоменот, екстремен замор, необјасниво губење на тежината и слабост. Ако почувствувате какви било необјасниви симптоми или имате висок ризик од болест на црниот дроб, треба да разговарате со вашиот општ лекар.