Објавен е извештај за пет злонамерни апликации кои се прилично популарни во европските земји.
Овие апликации се преземени стотици илјади пати, а содржеле банкарски тројанец „Anatsa“. Ги открила компанијата „ThreatFabric“, која за „Bleeping Computer“ кажала и за кои апликации станува збор.
Најмногу се таргетирани корисници во Велика Британија, Чешка, Германија, Словачка, Словенија и Шпанија. На почетокот на мета биле само корисници на „Samsung“, но подоцна и останатите.
Станува збор за следните апликации:
1. Phone Cleaner – File Explorer
2. PDF Viewer – File Explorer
3. PDF Reader – Viewer & Editor
4. Phone Cleaner: File Explorer
5. PDF Reader: File Manager
Лажните апликации биле маскирани како да читаат PDF фајлови или да го чистат телефонот, а биле дизајнирани така што доаѓаат до топ-листа каде има нов бесплатни програми, што им ги зголемувало шансите да дојдат до уште корисници.
Се верува дека се преземени меѓу 150.000 и 200.000 пати пред да бидат отстранети од „Play Store“, а користеле повеќестепен процес за „заразување“ на уреди без интеракција на корисниците. Ако ги имате, избришете ги од својот телефон.