[ВИДЕО] Дете доживеало излив на бес, па легнало среде пат, реакцијата на таткото е хит

Точка

20/02/2024

16:48

6.966

Големина на фонт

а а а

Социјалните мрежи ги освои потегот на еден татко кој прилично смирено реагирал на изливот на бес на својот 2-годишен син. Откако се вратиле од пазарење, малото момче решило да протестира, па излегло од автомобилот и легнало на асфалтот.

Тоа мирно лежело и ја чекало реакцијата на својот татко, кој очигледно не се обѕирал на однесувањето на неговиот син. Откако ги извадил ќесите од автомобилот, таткото ја фатил предната страна на јакната на момчето, го кренал и го носел до дома како торба. Момчето не пружало никаков отпор, а видеото има 1,4 милиони лајкови.

„Овој човек има диплома за татковство“, „Така се прави тоа! Браво, тато“, „Целосно ја одобрувам оваа постапка“, се дел од коментарите.

Меѓутоа, некои сметаат дека таткото требало да биде понежен.

„Се надевам дека си горд на ова видео, а се надевам дека некој од социјалните служби ќе го види. Вака не се носи дете, очигледно си премногу мрзелив“, напишале тие.



Спонзорирани линкови

Маркетинг