Научниците потврдија: Една крвна група е најотпорна на болести – луѓето кои ја имаат се најдолговечни

Точка

20/02/2024

11:37

7.649

Големина на фонт

а а а

Покрај останатите фактори, влијанието на подолгиот животен век поврзано е и со крвната група.

Секоја крвна група има одредени предности и маани, како и влијание на здравјето на поeдинецот во поширока смисла.

Една крвна група е особено отпорна на разни болести, односно најотпорна. Зборуваме за крвната група 0 која исто така може да придонесе во долговечноста, тврдат научниците.

Имено, докажано е дека луѓето кои ја имаат крвната група 0, имаат помал ризик од кардиоваскуларни болести, како што се мозочни удари, но исто така тие поретко заболуваат од одредени видови карцином, како што се карцином на панкреас и карцином на желудник.


Една од досега откриените причини зошто крвната група 0 е најздрава е тоа што крвта на оваа крвна група содржи помалку молекули кои можат да предизвикаат згрутчување на крвта, вклучувајќи и срцеви и мозочни удари предизвикани од крвни грутки.

Отпорноста на најопасните болести значи поголема шанса за подолг живот

„Се чини очигледно дека избегнувањето на болестите е тајната на долгиот живот. Но, постои јака догма дека кај стогодишниците сета корист доаѓа од генот против стареење“, изјавил Стјуарт Ким, професор на Одделот за биологија и генетика при Универзитетот Станфорд, претставувајќи ги резултатите од истражувањето на својот тим пред неколку години.

Во потрагата за долговечноста научниците истражувале гени од 800 стогодишници и 5.400 90-годишнции и откриле дека варијациите во четири гени се многу важни за брзината на стареењето.


- CDKN2B, којшто има важна улога во делбата на клетките.

- ABO, којшто се однесува на видот на крвната група.

- APOE, којшто влијае на склоноста на организмот да се разболи од Алцхајмерова болест.

- SH2B3, којшто им го продолжува животот на луѓето.

Како што објасниле научниците, тие утврдиле дека одредени варијации на гените често се појавуваат кај луѓето кои ја доживуваат стотата година, а кога станува збор за крвната група кај истите – тоа била нултата крвна група.