Балканците во елемент: „Тика-така“ акција во режија на Дончиќ и Јокиќ

Дерби

19/02/2024

11:53

4.633

Големина на фонт

а а а

Лука Дончиќ и Никола Јокиќ беа максимално опуштени за време на Ол-стар натпреварот меѓу Истокот и Западот во Индијанаполис, односно воопшто не беа натпреварувачки настроени како што знаат и умеат и најдоар доказ за тоа е што заедно искомбинираа 20 поени што е далеку од уничинот на нивниот соиграч Карл-Ентони Таунс (50 поени) или пак на Демијен Лилард (39) кој го признанието за најкорисен играч (МВП).

Балканците се забавуваа, а во завршницата четвртина и одработија акција во која не искористија ниту еден дриблинг, топката постојано беше во воздух за да на крајот Јокиќ го проигра Шеј Гилџис Александер за лесна реализација.