Овие 3 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во март – ќе им се случат промени за какви што можат само да сонуваат

Точка

17/02/2024

13:14

23.231

Големина на фонт

а а а

Според астрологот Лиз Симонс за следните три хороскопски знаци март ќе биде најсреќниот месец во 2024 година.

Стрелец

Стрелците ќе имаат среќна низа во март затоа што Сатурн ќе биде во Риби и Стрелец, па може да ја користат енергијата од оваа планета. Ова ќе биде време да го следат патот кон својата судбина и да преземат чекори кои им се потребни за да бидат исполнети. Време е во март да ја откријат својата вистинска цел.


Јарец

Март е најсреќниот месец за Јарците во 2024 година. Тоа е така затоа што Плутон конечно ќе го напушти Јарецот во март, што ќе им овозможи на оние кои се родени во овој знак да се чувствуваат послободно. Можно е до овој месец Јарците да се чувствуваат малку непријатно. Меѓутоа, тој товар ќе биде отстранет од нивниот грб во март, па сигурно ќе се чувствуваат поопуштено.

Водолија

За Водолиите најсреќните месеци во годината се февруари и март, поради две причини: Венера ќе влезе во подрачјето кое им одговара, а Сатурн конечно ќе ја напушти Водолијата и ќе влезе во Риби. Можно е ова планетарно поместување да им донесе голем пресврт на Водолиите.


Сета напорна работа од последните неколку години ќе заврши, што ќе им овозможи на Водолиите да се чувствуваат помалку огорчено. Во овие месеци можно е да имаат и додворувачи, можности за подобрување на кариерата и патувања.

Според астрологот, хороскопскиот знак којшто во март ќе се соочи со предизвици е Рибата. Сатурн ќе ја ограничи способноста на Рибите. Сепак, март нема да биде лош затоа што неговите предизвици ќе ви овозможат да научите некои лекции кои можат да ве доведат до живот каков што отсекогаш сте сакале.




Спонзорирани линкови

Маркетинг