Се продава „Бајденомобилот“, минал само 26.000 километри

Точка

16/02/2024

13:34

5.353

Големина на фонт

а а а

Автомобилот со кој некогаш се возел актуелниот претседател на САД, Џо Бајден, сега е на продажба.

Станува збор за „Cadillac ATS-V“ од 2018-та година, чиј ентериер е направен во „Kona Brown“ боја.


Се смета дека станува збор за единствен таков „ATS-V“ во светот, бидејќи е направен по желба на самиот претседател.


Однадвор, претседателот се одлучил за сосема црна варијанта, со благо затемнети прозорци и бронзени алуминиумски фелни.


Што се однесува до погонскиот склоп, овој „Бајденомобил“ има 3,6-литарски твин-турбо V6 мотор кој со помош на осумстепенски автоматски менувач на задните тркала пренесува 464 коњски сили и 605 Nm максимален вртежен момент.


Автомобилот до денес минал нешто помалку од 26.000 километри, а повеќето од нив ги минал самиот Бајден, кој во него се возел до 2020-та година.


Засега, неговата цена е 37,750 долари, но до крајот на лицитацијата има уште пет дена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг