[ВИДЕО] Земјата никогаш не била рамна плоча, но Јупитер можеби бил

Точка

15/02/2024

16:35

10.301

Големина на фонт

а а а

Според новите симулации, големите планети кои се формираат прилично далеку од своите ѕвезди го почнуваат својот живот како дискови, а не како кружни објекти. Тие протопланети постепено привлекувале се повеќе материјали и по некое време се формирале во познат кружен облик.

„Научниците веќе долго време го проучуваат формирањето на планетите, но никогаш претходно во симулација не сме ја провериле нивната форма во текот на формирањето. Само претпоставувавме дека се сферични“, рекол астрофизичарот Димитрис Стамателос од Универзитетот Централ Ланкашајр во Велика Британија, пренесува „Science Alert“.

Како се формираат планетите

Иако во Млечниот пат сме пронашле многу планети, повеќе од 5.500, сè уште не ни е сосема јасно како настануваат. При раѓањето на ѕвездите, прашината и гасовите околу нив се обликуваат во диск од кој подоцна настануваат планетите, односно планетарниот состав.

Но, како точна се формираат тие тела внатре во дискот? Научниците сметаат дека помалите планети како Земјата, Венера, Марс и Меркур настануваат откако парчиња камен се собираат едни на други сè додека не се формира планета.

Приказната би можела да биде поинаква што се однесува до гасните џинови. Тие веројатно се раѓаат под влијание на таканаречената нестабилност на дискот, кога ѕвездениот диск кој брзо се лади се крши на парчиња кои се кондензираат под влијание на гравитацијата, а потоа се формираат планети.


Прво се рамни, а потоа се кружни

Астрофизичарот Адам Фентон од Универзитетот Централ Лакнашир сакал подобро да го разбере процесот на формирање на планетите преку нестабилноста на дискот, па дизајнирал и спровел сложени симулации во кои се земале предвид различни аспекти на процесот, како што се густина на гасот, температура и брзина на вртење на дискот.

Симулациите покажале дека протопланетите на гасните џинови прво се формираат рамни и подоцна во текот на развојот на планетите материјалот во главно се собира на половите, а не околу екваторот.

Истражувањето се нарекува „The 3D structure of disc-instability protoplanets“ наскоро ќе биде објавено во списанието „Astronoms & Astrophysics Letters“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг