Пожар избувна во воден парк: Изгоре тобоган, полицијата нареди итна евакуација во Шведска

Макфакс

12/02/2024

14:18

662

Големина на фонт

а а а

Голем пожар избувна во воден парк во западниот шведски град Гетеборг, а изгореа тобоган и слични објекти што беа во изградба, соопштија очевидци и спасувачките служба.

Засега нема информации за повредени, а полицијата, поради густиот чад над тој дел од градот, ги советува граѓаните што живеат во тој реон да останат во своите домови и да ги држат затворени прозорците за да не навлезе чадот во нивните куќи, пренесува „Ројтерс“.

Евакуирани се гостите од блискиот хотел и деловните простории.

„Пожарот избувна на еден од тобоганите надвор од зградата, а потоа се прошири на целата зграда“, се наведува во соопштението на паркот „Лизеберг“.

„Ројтерс“ јавува дека пламенот го зафатил тобоганот, а неколку противпожарни возила се обидуваат да го изгаснат пожарот. Во моментот на пожарот немало гости во водниот парк ж, кој требало да биде отворен оваа година и е додаток на забавниот парк во Гетеборг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг