[ФОТО/ВИДЕО] Налепниците со NMK приредија нервози, редици и метеж пред станиците за технички преглед – некаде се потрошени, некаде воопшто ги нема

Точка

12/02/2024

14:25

3.184

Големина на фонт

а а а

Утрово во станиците за технички преглед низ Македонија започна издавањето налепници со ознака NMK.

Од полноќ, сите возила со македонски регистарски таблички треба да имаат налепница NMK. Инаку, и ова е дел од обврските кои произлегуваат од Преспанскиот договор.

Во станиците за технички преглед на АМСМ, станиците за технички преглед на Здружението на возачи на Македонија во Кисела Вода и Карпош, ПСС и Цертус, налепници имало, но во недоволна количина, пренесува „а1он“.

Во Кисела Вода налепниците веќе се потрошиле поради метежот којшто започнал и од утринските часови, а како што изјавиле за „а1он“, не знаат кога ќе добијат нови, додека пак во станицата за технички преглед на Здружението на возачи во Карпош не добиле налепници и не знаат кога ќе добијат.

Во станицата за технички преглед Цертус во населбата Ченто велат дека налепници за регистарски таблички со три бројки немаат, додека за оние со четири бројки имаат.


Од МВР велат дека освен возилата што ја имаат ознаката NMK, сите останати треба да имаат налепница.

Вчера од МВР соопштија дека од 00;00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија.

„Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија“, додаваат од таму.




Спонзорирани линкови

Маркетинг