Вучиќ: Србија е цврсто посветена да го забрза својот пат кон ЕУ, но очекуваме јасни сигнали

Макфакс

12/02/2024

13:10

2.096

Големина на фонт

а а а

Српскиот претседател Александар Вучиќ, по средбата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, изјави дека во разговорот посочил оти Србија е цврсто решена да го забрза европскиот пат кон ЕУ, но дека очекува јасни сигнали за поддршка од Европа на тој пат.

„Недвосмислено му кажав на Мицотакис дека Србија е цврсто решена да продолжи и да го забрза својот европски пат, дека сме ѝ благодарни на Грција за таа поддршка и дека тоа не е само формална реченица што политичарите ја изговараат, туку дека е од суштинско значење за нашата земја“, рече Вучиќ и додаде:

„Но, исто така реков дека разбирам оти во Европа не се секогаш задоволни од сите наши потези, но и дека во Европа мора да разберат оти и ние очекуваме јасни сигнали да ја поддржиме Србија на нејзиниот пат“, нагласи Вучиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг