Голем детски спектакл „Необичен ден“ со ликовите од 5+ Фамилија

Точка

12/02/2024

12:46

638

Големина на фонт

а а а

Музичко-театарската авантура „Необичен ден“ од февруари е на редовниот репертоар на Македонскиот народен театар со закажани 4 претстави на 17 февруари во 17.30 и 19.30 часот и на 19 февруари во 17.30 и 19.30 часот.

Популарните ликови од 5+ Фамилија ве покануваат на волшебно, чудно, неверојатно, возбудливо патување во фантастичниот свет во кој царуваат детската имагинација, другарството и љубовта, свет во кој сѐ е можно и не постои нешто што е несовладливо.


Претставата е наменета за деца над 5 години и на уникатен и креативен начин, преку прекрасна сценографија, актерска игра и песничките кои се потпевнуваат долго по излегување од театарот, пренесува важна порака дека иднината зависи од тоа колку љубов имаме и даваме во сегашноста.


Децата уживаат да се дружат со Лина, Петко, детективот Цветко, Џими, Лука, Цвајнштајн, Алек, Лиз и Мира истовремено на едноставен и моќен начин учат дека разликите не треба да нѐ раздвојуваат, туку да нѐ сплотуваат и оти заеднички можеме да создадеме подобар свет.


Билетите за претставата се достапни на билетарницата на МНТ или онлајн na следниот линк.

Режија: Дејан Пројковски

Актери: Сања Арсовска, Ана Јовановска, Игор Ангелов, Ѓорѓе Нешковиќ, Марјан Наумов, Дамјан Цветановски, Изабела Јакимова, Матеа Јанковска и Марина Поп Панкова.

Автори: Сања Арсовска и Билјана Крајчевска

Костимограф: Maрија Пупучевска

Сценограф: Валентин Светозарев

Кореограф: Олга Панго

Кратко видео од претставата на следниот линк.




Спонзорирани линкови

Маркетинг