Едно лице загина, а две се ранети, во престрелка во просториите на бродска компанија во атинската населба Глифада, јави грчката телевизија ЕРТ.
Според првичните информации, сторителот е наводно 70-годишен старец, поранешен вработен во фирмата. ЕРТ наведува дека напаѓачот сè уште е во зградата и дека во тек е акција за апсење.
Некои од вработените успеале да си заминат, но засега не се знае дали има работници што не успеале да ја напуштат компанијата.
Најмалку три возила на брзата помош биле испратени на местото на нападот.