Спречен обид за нелегално внесување на 115 парчиња опрема за скијање на ГП Табановце, велат од Царинска управа

Макфакс

12/02/2024

11:55

515

Големина на фонт

а а а

Царинските службеници на влез на граничниот премин Табановце минатата недела спречија обид за нелегално внесување на разновидна опрема за скијање во вредност од околу 243 илјади денари, за која е избегнато плаќање на царински увозни давачки од 53 илјади денари.

Стоката е пронајдена при детален преглед на патничко возило со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин, откако возачот изјавил дека нема ништо да пријави за царинска контрола.

„При извршената контрола, царинските службеници во багажникот на возилото пронајдоа 115 парчиња опрема за скијање, меѓу која: кациги, даски, скии, стапови, наочари, ранци и облека за скијање. Против лицето е поднесена пријава за царински прекршок по член 263 од Царинскиот Закон, а стоката е привремено одземена“, велат од Царинска управа.