По 30 евра ќе плаќаат граѓаните за патен лист, за да се вратат дома со стар пасош

Макфакс

12/02/2024

11:27

4.894

Големина на фонт

а а а

Граѓаните кои ќе сакаат да се вратат во државата а се затекнати во странство со стар пасош односно без „северна“ ќе можат да го сторат тоа со патен лист кој ќе го извадат во дипломатско-конзуларните претставништва на Министерството за надворешни работи.

Ова деновиве го потврди и првиот човек во министерството за надворешни работи.

Но на фејсбук страната на Македонската амбасада во Берлин издадени се инструкции за граѓаните кои треба да аплицираат за нови пасоши, но и за патни листови кои ќе чинат 30 евра и ќе бидат на трошок на македонските државјани.

Македонската амбасада во Берлин издаде инструкции за граѓаните кои треба да аплицираат за нови пасоши, но и за патни листови кои ќе чинат 30 евра и ќе паднат на трошок на македонските државјани.

Почитувани,

Во врска со законската одредба од Член 3 од Законот за патни исправи објавен во „Службен весник на...

Posted by Embassy of the Republic of North Macedonia in Germany on Monday, February 5, 2024

Патниот лист според напишаното се вади без термин во било која од амбасадите или било кој конзулат и е со важност од 30 дена, односно служи само за враќање во Македонија.

„Ги информираме сите кои ќе поднесат барање за нова патна исправа дека времето за издавање на нов пасош од денот на поднесување на барањето во просек изнесува 50-75 дена, по што пасошите можат да ги лично да ги подигнат во ДКП каде го поднеле барањето.

Доколку државјаните на Република Северна Македонија кои престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари 2024 година се уште немаат извадено нов пасош, а имаат намера да аплицираат за издавање на пасоши во РС Македонија, истите можат да се вратат во земјата со Патен лист кој се вади без термин, со важност на траење од 30 дена од денот на издавање и служи само за враќање во државата.

Напоменуваме дека при издавањето на патните листови пасошите со старото уставно име „Република Македонија„ да не бидат поништувани. Потребни документи за издавање на патен лист: пасош, пополнето барање за издавање на патен лист, две слики и конзуларна такса 30 евра“, е објавено на страната на македонската амбасада во Берлин, Германија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг