[ФОТО] Социјалните мрежи преполни со реакции по веста дека возачките нема да важат: „Парите без „северна“ ќе важат ли од утре?“

Точка

12/02/2024

12:15

2.497

Големина на фонт

а а а

Веста на МВР дека од денеска нема да важат ниту возачките дозволи кои се со старото име, а голем дел од граѓаните ги смениле во привремениот рок и не добиле нови обрасци, ги разгневи граѓаните кои најавија граѓанска непослушност и неплаќање на евентуални казни кои ќе ги изрекува сообраќајната полиција.

Граѓаните на социјалните мрежи го истурија својот бес, објавувајќи ги сите недоследности и нелогичности при носењето на одлуки на државата во однос на привремениот рок за менување на личните документи кој завршува вечерва на полноќ.

Во врска со ова, претседателот на Македонија Стево Пендаровски вчера ги повика парламентарните партии да направат законски измени за да може возачките дозволи со старото уставно име да важат и натаму во сообраќајниот промет во Македонија.

Ова се дел од реакциите на граѓаните:

Девојче возачката ти е неважечка треба да платиш казна.

 - Друже, не можам да платам неважечки ми се парите.😎

Posted by Nisky Hype on Sunday, February 11, 2024

Република МАРС нека пишува- важечка е бидејки суштината е дека е доказ дека сум оспособен да управувам со возило од категоријата која ја пишува на возачката.

Posted by Janaki Mitrovski on Sunday, February 11, 2024

Да ги прашам Главниве:

Зашто да не ми важи Возачката Дозвола во Македонија со МК,кога услови за Нови со Новото лого...

Posted by Biljana Lazeska on Sunday, February 11, 2024

Ние сите си ја сакаме нашата држава нашата Македонија 🇲🇰.

Сите се стремиме кон промени и да бидеме подобри личности, но...

Posted by Tose Zafirov on Sunday, February 11, 2024

Апсолутно е неправедно било кој граѓанин да сноси лична и плус финансиска одговорност за возачка дозвола која еднаш...

Posted by Biljana Jovanoska on Sunday, February 11, 2024

Од 13.02.2024 вршам транспорт со комбе

-Возачка дозвола со С........ Македонија

-Сообрајќајна дозвола со С..... Македонија

-Таблички со NMK

Само во Македонија зошто пасош немам за надвор од МК

Posted by Гоце Чирич Талевски on Sunday, February 11, 2024

Кога се аплицира за било што и било каде има точно наведено кои документи се потребни

Ние неорганизирани, самобендисани...

Posted by Vasilka Stefanovska on Saturday, February 10, 2024



Спонзорирани линкови

Маркетинг