[ФОТО/ВИДЕО] Блескаво одело и црвен клавир: Ашер спектакуларен на „Супербоул“, на сцена му се придружила и оваа поп-икона

Точка

12/02/2024

10:35

1.463

Големина на фонт

а а а

Полувремето на „Супербоул“ со години е синоним за голем музички спектакл.

На овогодишниот настапи пејачот Ашер со неколку од своите најголеми хитови.

Настапот траел 13 минути, а со него на сцена се појавиле и неколку гости.


Пејачот својот настап го отворил со песната „Caught Up“, после што продолжил со своите најголеми хитови.

На песната „My Boo“ му се придружила и Алиша Кис која ја извела песната „If I Ain’t Got You“, а особено внимание привлекол црвениот клавир, како и нејзиниот црвен фустан.

Во еден момент Ашер на сцена се појавил во блескав аутфит. Американската кантавторка на сцената во Лас Вегас се појавила со својата гитара и со уште пејачи и танчари на ролери.

На Ашер му се придружил и Will.I.Am од „Black Eyed Peas“ со кој ја извел песната „OMG“.

Целиот настап завршил со песната „Yeah“ на која гостувале Лили Џон и Лудакрис.

Без оглед на гласините, Џастин Бибер не бил гостин на Ашер иако фотографите го снимиле во Лас Вегас воочи „Супербоул“.


Ашер, како што пренесува „Page Six“ претходно комуницирал со Бибер околу гостувањето, но се чини дека популарниот пејач само дошол да ужива на натпреварот.

Во публиката била и Тејлор Свифт која дошла да го поддржи Травис Келси.





Спонзорирани линкови

Маркетинг