[ВИДЕО] Рекламата од „Супербоул“ која им зададе домашна задача на сите останати: Бен Афлек танцува додека Џеј Ло пропаѓа во земја од срам

Точка

12/02/2024

09:29

11.916

Големина на фонт

а а а

Рекламите за време на „Супербоул“ секогаш се вистински спектакл, а сите зборуваат за рекламниот спот за крофни на „Dunkin Donuts“.

Ѕвездата на оваа реклама е славниот пар, Џеј Ло и Бен Афлек, а гостуваат и Том Брејди, Мет Дејмон и Фет Џо.

Во рекламата, која всушност нема никаква врска со крофни, Бен Афлек одлучува да ѝ покаже на Џеј Ло како изгледа кога ќе влезе во нејзиниот свет.

Тој подготвил кореографија, музика, облекол тренирки и почнал да танцува. Иако го убедувале да не го прави тоа, сепак влегува кај неа во студио и почнува да танцува.

„Разговаравме за ова“, вели Лопез која не може да се освести од срамот на Афлек. Мет Дејмон ѝ се извинува и му вели на Бен: „Некогаш е тешко да се биде твој пријател“.

Погледнете ја рекламата:



Спонзорирани линкови

Маркетинг