Фотографија од заспана поларна мечка му донесе престижна награда на британски фотограф

Точка

07/02/2024

22:35

8.251

Големина на фонт

а а а

Прекрасна фотографија од млада поларна мечка која спие на санта мраз му ја донесе наградата наречена „Wildlife Photographer of the Year“ на британскиот аматерски фотограф Нимa Сарикани.

„Неверојатната и потресна фотографија на Сарикани нѝ овозможува да ја видиме убавината и кревкоста на нашата планета. Нејзината фотографија нè тера на размислување и е остар потсетник на интегралната врска помеѓу животните и нивните живеалишта и служи како визуелен приказ на штетните влијанија на глобалното затоплување и губењето на живеалиштата“, изјавил д-р Даглас Гур, директор на Природонаучниот музеј во Лондон.


Сарикани ја направил фотографијата на третиот ден од потрагата по поларни мечки во густата магла на норвешкиот архипелаг Свалбард. Љубителите на фотографии од дивиот свет и природата од целиот свет гласаа и ја избраа оваа фотографија како најдобра од 25-те понудени. Четири други финалисти добија високи пофалби.

Захи Финкелстин фотографирал птици кога во плитката вода здогледал желка на чиј нос во еден момент слетало вилинско коњче.


Даниел Денческу поминал часови следејќи ги сколовранците низ Рим и неговите предградија. Во еден зимски ден без облаци, тој фотографирал јато кое формирало облик на огромна птица.


Марк Бојд направил фотографија од две лавици како чистат младенче по враќањето од лов.


Фотографијата на поларната светлина и медузата во студените води на фјорд во близина на Тромс во северна Норвешка ја „потпишува“ Аудун Рикардсен, кој користел сопствен систем за приспособување на фокусот и отворот на блендата при една експозиција.


Петте фотографии ќе бидат изложени онлајн, како и во Природонаучниот музеј во Лондон до 30-ти јуни.